Програмата на обуката нуди детален преглед на актулените познавања за системите за користење на енергија од обновливи извори на енергија, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, основи на проектирањето, планирање на правилно инсталирање и одржување на фотоволтаични системи, елементи од теоретски основи на процесите, карактеристики на компонентите и на системите и нивно димензионирање, како и еколошките аспекти, а обезбедува и соодветно запознавање со европските стандарди, техниките за мерење на енергетските  заштеди, како и постапки за заштита при работа.

Резултат на програмата се квалификувани инженери со вештини за проектирање на системи за користење на енергија од обновливи извори на енергија - Фотоволтаични системи.